Иако учесниците во овие разговори имаат искуство во дипломатската и безбедносната сфера, тие не се владини функционери и засега не е јасно дали биле испратени од владите, велат два анонимни извори.
Тие ги опишале овие разговори како спореден канал, со контакти воспоставени за време на периодот на транзиција на власта по победата на американскиот претседател Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.
Најмалку неколку советници на Трамп знаат за овие разговори, рекол еден од изворите, директно информиран за нив.
Други детали за овие средби не се познати, вклучително и дали биле присутни Украинци, кога точно почнале состаноците и кои биле темите.
Овие досега необјавени состаноци се показател за заткулисните напори на САД и Русија да најдат начин да се оконча војната во Украина и покрај замрзнувањето на официјалните контакти во времето на претходникот на Трамп, поранешниот претседател Џо Бајден.
Трамп, кој е на функција само еден месец, дијаметрално го смени американскиот пристап кон војната во Украина и иницираше директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Највисоките американски претставници во вторникот се состанаа со руски официјални претставници во Саудиска Арабија, а во руската делегација беше и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Швајцарското Министерство за надворешни работи за Ројтерс рекло дека е информирано за тајните разговори.
„Овие активности помагаат во поддршката на дипломатските напори поврзани со конфликтот“, соопшти Министерството.
Два извори рекле дека најмалку една средба се одржала минатата недела во Женева за време на Самитот во Минхен.