Кристијано Роналдо неодамна даде свое видување за наградата „Златна топка“ и изборот на Франс Фудбал на најдобриот фудбалер во светот.
Португалецот порача дека Винисиус Жесус бил ограбен и дека целиот избор не бил фер.
Родри, кој ја доби „Златната топка“, вели дека е изненаден од ваквите коментари и го потсети Кристијано Роналдо дека истите новинари и него го бирале за фудбалер на годината, но тој тогаш не се бунел.
„Морам да признам дека бев прилично изненаден. Тој најдобро знае како функционира оваа награда, како победникот се избира“ – вели ѕвездата на Шпанија и Манчестер Сити.
„Оваа година, новинарите кои гласаа мене ми ја дадоа поддршката. Веројатно истите тие новинари во минатото гласаа Роналдо да ја добие наградата, а тој тогаш не се бунеше со задоволство го прифаќаше трофејот“.