петок, 18 октомври 2024

Родителите на деца со попреченост ќе бираат во кое училиште ќе им учат децата, најави Јаневска

На родителите на децата со попреченост ќе им овозможиме да одберат во какво училиште сакаат децата да им учат децата, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор, вели Јаневска за деца кои се вклучени во редовните паралелки, а нивните родители реагираат дека не чувствуваат корист од тоа дека нивното дете е вклучено во редовна паралелка.

Таа во интервју за радио МОФ, напомена дека дел од родителите се жалат дека дискриминацијата во редовните паралелки е поголема, отколку тие деца да се наоѓаат во средина каде што ќе имаат слични на себе деца.

„Започнуваме со консултации, најнапред со стручната фела, со психолози, педагози и специјални едукатори и рехабилитатори за да изнајдеме најдобро решение за овие деца. Она што досега сме го заклучиле е дека за децата со тешка интелектуална попреченост, а може да имаат и други видови на попречености е дека треба да постојат така наречените посебни училишта во кои децата ќе имаат поприродна средина за себе, односно со кого да комуницираат, со кого да се дружат, што де факто во редовните училишта го немаат“, изјави Јаневска.

Можеби е за изненадување, рече министерката, но одреден број на здруженија на родители, бараат децата да им учат во посебни училишта, додавајќи дека тоа релативно брзо ќе се дефинира и ќе биде предмет на јавна расправа, по што сите измени ќе бидат вклопени во законите за основно, средно и средно-стручно образование.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ