Како што информира д-р Ќами Амзиу од Службата за брза помош од Велес, кој прв со медицинска екипа бил повикан на местото на настанот, во несреќата има тројца повредени, семејство од кое 43 годишната ќерка која била возач има полесни повреди, а со потешки телесни повреди се здобиле нејзините татко кој бил совозач и мајката која седела назад. Сите повредени се вон животна опасност.
Тие по укажаната прва помош веднаш со медицинско возило се препратени на понатамошно лекување во Ургентниот центар на велешката Општа болница.
АМСМ соопшти дека од 17:35 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец од наплатна станица Сопот кон Гевгелија, кај крстосница Башино село.