„Нашето име кажува многу за нас – уживаме во процесот на претворање на секој предизвик во победа преку демонстрација на најкреативното решение за краен успех. Секогаш подготвени за многу забава, умешно снаоѓање и одење до крај… Till you make it!”, изјавија момците од тимот.
Натпреварот е всушност уникатна авантура во којашто екипи составени од по три члена, од различни земји, треба за седум дена да пропатуваат низ Европа, без паричник и без свој мобилен телефон, а користејќи ги единствено „Ред бул“ лименките како „валута“. Патешествието почнува на 21 мај.
Во натпреварот има пет почетни градови од каде што патувањето тргнува: Милано, Копенхаген, Будимпешта, Барселона и Амстердам. Крајната цел е Берлин.
Следното правило гласи: Користење исклучиво „Ред бул“ лименка како валута! Тимовите треба да менуваат лименки за буквално сѐ што им е потребно – храна, превоз, место за спиење и друго.
Секој учесник ќе добие посебен мобилен со една претходно инсталирана апликација преку којашто, во живо, ќе го споделуваат патувањето со следачите на интернет-страницата redbullcanyoumakeit.com .
3а крај… Задолжителна е посета на шест контролни точки, распоредени во различни градови ширум Европа, каде натпреварувачите ќе имаат задача да прифатат различни предизвици. Задачите носат бодови, а победник е оној тим којшто ќе собере најмногу бодови, а не оние кои први ќе стигнат до крајната цел.