петок, 7 февруари 2025

РКЕ: ЕВН хоме да ги корегира сметките за струја

ЕВН хоме е должен да ги корегира сметките за електрична енергија за домаќинствата на кои прв пат им фактурирана потрошувачка во четврт блок. ЕВН хоме треба да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на потрошената енергија и износот на сметката, (согласно член 37 од Законот за енергетика, Правилата за снабдување со електрична енергија и Правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови, потрошувачите за секоја фактура) имаат право да вложат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН хоме.

Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добијат одговор во законски предвидениот рок (од 8 дена), имаат право да поднесат приговор до РКЕ како второстепен орган. За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и само треба да приложат копија од вложениот приговор до ЕВН хоме, нивниот одговор и копија од сметката по која приговараат.

Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски по и-мејл на [email protected] и [email protected].

Од 1 јануари 2025 година цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент (0,92 %). Конкретно во прв блок цената е зголемена за 0,68%, додека во втор блок цената е зголемена за 0,90 %.

Ги повикуваме политичките партии да не ги политизираат нашите одлуки, ние сме независно тело, соопшти РКЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ