„Црвено-жолтите“ уште еднаш не успеаја да ја победат Молдавија, и синоќешната пресметка заврши нерешено. Избраниците на Милевски поведоа со 1-0 со голот на Миовски во последните мигови од првиот дел, имаа и шанси за дуплирање на предноста, но откако не го сторија тоа, противникот во финишот со атрактивен погодок се избори за 1-1.
„Одигравме добар натпревар, имавме контрола, доминиравме во поголемиот дел, но за жал во финишот ни се случи едно невнимание, примивме гол и останавме без победа“ – вели Милан Ристовски.
„Против Црна Гора не чека тежок натпревар, се среќаваме со квалитетна репрезентација и за да бидеме конкурентни, ќе треба да одиграме на едно повисоко ниво. Секогаш сум самокритичен, сметам дека може да се даде повеќе на терен. Така требаше да биде и против Молдавија, да постигневме уште некој гол и да стигневме до посакуваната победа“.