четврток, 30 јануари 2025

Ристовски: Нема веќе субвенции за третолигашите во спортот

Нема да се даваат субвенции на екипите од Третата македонска фудбалска лига, а субвенции нема да добиваат и екипите од кој било друг спорт, истакна денеска министерот за спорт, Борко Ристовски, кој изврши увид во градежните работи на затворениот базен во Штип. Според него субвенционирањето на екипи во третата лига не е исплатливо, ниту пак е подоброен квалитетот.

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека треба наместо тој квантитет од три лиги да се сконцентрира во прва и втора лига и да се направи една стратегија. Во текот на вчерашниот ден имавме иницијален состанок со претседателот на ФФМ и направивиме начелно некои договори како ќе изгледа субвенционирањето во фудбалот конкректно. Што е уште поважно ние веќе имаме еден таков стратегиски договор со Одбојкарската федерација на Македонија. Во наредниот период ќе имаме и со ракометната, и со кошаркарската… Со фудбалската, веќе го остваривме“, изјави Ристовски.

Министерот за спорт, Ристовски вели дека работите треба да се променат во спортот, а во тек е истрага и за проновера на спортските пари.

„Некои работи мора да се променат и во начин на функционирање и начинот на функционирање на субјектите коишто ги добиваат тие средства. Затоа што има многу голем број на проневери сето тоа се истражува. Досега имаме откриено барем десеттина малверзации“, вели Ристовски.

Тој истакна дека истрагата е во тек, а кога ќе заврши ќе бидат откриени и сите детали.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ