„Тоа е ДУП со никаква поддршка од граѓаните, ниту од нивните претставници во Советот. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните за нивната ревносна борба со која кренаа толку галама што дури и партиите како СДСМ и ДПМНЕ, кои историски стоеле на страната на урбанистичката мафија, се спремни да застанат заедно со нас против овој ДУП.
Апелирам до градоначалникот и општинската администрација да ја верификуваме заедно волјата на нашите сограѓани. Да падне конечно овој ДУП со што ќе се отвори простор за носење нов направен согласно интересите и потребите на граѓаните“, рече Ристов.