петок, 27 декември 2024

Ревизијата ја побарал градоначалникот на Арачиново, а констатираното се однесува на неговата претходничка

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими потсети дека ревизорскиот извештај ги дава состојбите во Општината за 2021 година кога градоначалничката функција ја извршувала  Милекие Халими. Ревизорскиот извештај потврдува како таа ја водела општината, рече Ибраими.

„Вината за неплаќањето на данокот на имот и на некои други давачки да не ја барате во жителите, зашто ако не било побарано да плаќаат. Одговорноста за ова е во претходното раководство на Општината“, рече Ибраими.ѓ

Градоначалникот рече дека е опточнат процесот на заведување на имотот, впишани се над 2 илјади куќи и близу 200 семејства веќе ги платиле давачките, а во тек е запишувањето на уште близу 500 имоти.

Тој додаде дека Општината ја презел констатирајќи дека имало многуј неправилности и сомнитечни активности и дека е потребна одговорност за таквите состојби.

Инаку, државните ревизори утврдиле дека Општина Арачиново не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за данок на имот, а данокот на промет на недвижности и данокот на наследство и подарок не се утврдуваат согласно методологијата според пазарната вредност. Општината не остварува приходи по основ на комунална такса на фирма, комунална такса за користење на музика во јавните локали, комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување на градежно земјиште, а ревизорите се сомневаат и во објективноста на фиансиските извештаи на општината.

арачиново општина

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ