Пристигна официјална потврда на она што се најавуваше со денови, Нејмар го напушта ПСЖ и се сели во Ал Хилал.
„Светците“ попладнево се збогуваа со Бразилецот, а Ал Хилал со видео на социјалните мрежи го најави големиот трансфер, кој со 90+40+10 милиони евра ќе биде рекордна продажба на ПСЖ и рекорден трансфер на Саудиска Арабија.
Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Нејмар исто така добро ќе се офајди. Тој ќе се обврзе на две годони со Ал Хилал и за овој период ќе добие 300 милиони долари на име на плата. Заработката на Бразилецот може да се искачи до 400 милиони долари со помош на бонуси и комерцијални договори.
Напаѓачот ќе има и еден куп други поволности како приватен авион, луксузна вила со огромен персонал кој ќе го служи, а ќе може слободно да живее со својата девојка и покрај тоа што законите во Саудиска Арабија не го дозволуваат тоа.