понеделник, 30 декември 2024

РЕК Битола од утрово не произведува струја

Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) Битола не работи и не произведува струја затоа што првиот и вториот блок утрово испаднале од мрежа, а третиот веќе подолго време не работи, објави утрово СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„ДПМНЕ е неспособно да менаџира со енергетскиот сектор. Ниту еден од блоковите 1,2,3 не се на мрежа. На сред грејна сезона РЕК Битола е надвор од производство. Новото раководство на ДПМНЕ пред да седне во фотелјите ветуваше работа со три блока и со 100 посто домашно ископан јаглен во рудникот, а сега нема ништо од тоа. Во РЕК се троши повеќе увозен отколку ископан домашен јаглен а кога не работи се увезува скапа струја. Срамно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола за да се задоволат бизнис зделките на ДПМНЕ. Енергетскиот систем е на колена, очигледно власта ги задоволува своите бизнис потреби а цената ја плаќаат граѓаните. Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи“, велат од СДСМ.

Од Електростопанство на Македонија (ЕСМ) за МКД.мк ја потврдија информацијата, а детали најавија во текот на денот.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ