сабота, 19 октомври 2024

Регионални избори во Австрија: Комунистите го остварија најдобриот резултат од 1945, подем на десницата

Објавено на

часот

Сподели

Владејачката Австриска народна партија (ОВП) изгуби значителен број гласови, но ја здржа првата позиција со околу 30 отсто од гласовите.

Добар резултат постигна и десничарската „популистичка“ Слободарска партија (ФПО), која ја претекна Социјалдемократската партија (СПО) и го зазема второто место со 25 отсто од гласовите.

Во регионалниот парламент влегоа уште и австриските Зелени. Либералната партија НЕОС остана без места во регионалното собрание.

Излезноста била нешто поголема отколку на последните регионални избори во таа покраина пред пет години, околу 70 отсто.

Како што покажуваат податоците на институтот Сора, за Комунистичката партија во најголема мера гласале поранешни поддржувачи на социјалдемократите и зелените, а не апстинентите, како што првично се мислеше.

Комунистите досега беа претставувани во парламентот на само една австриска покраина, Штаерска, во која се „редовни“ од 2005 година.

Истражувањето покажува и дека има голема преселба на гласачите на ОВП, која до пред една и пол година ги предводеше Себастијан Курц, кон десничарската ФПО.

Според податоците на Јуроп електс, доколку во Австрија денес се одржат парламентарни избори, ФПО би била поединечно најсилна партија, со поддршка од околу 28,4 отсто од гласачите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ