Во разговор за порталот индекс.мк, не наведувајќи детали, Реџепи рече дека имал средба со Ахмети и дека разговарале за можна соработка на двете партии.
Според него, кандидатурата на Арбен Таравари за претседателските избори веројатно ќе повлече и кандудатура од ДУИ.
„Токму претседателските избори ќе бидат пресметка меѓу партиите од албанскиот блок и очекувам борба за секој глас“, рече Реџепи.
Во врска со Самоопределување на косовскиот премиер Аљбин Курти, Реџепи посочи дека станува збор за „маска“ на опозицијата преку која ќе се обидат да победат на изборите во отсуство на обединувачки лидер меѓу нив.