сабота, 8 февруари 2025

Речиси 11.000 емигранти се депортирани во Мексико од почетокот на мандатот на Трамп

Мексико примило речиси 11.000 депортирани емигранти од Соединетите Американски Држави од стапувањето на должност на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари, кажа мексиканската претседателка Клаудиа Шајнбаум.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа кажа дека меѓу нив има 2.500 емигранти кои не се Мексиканци.

Шајнбаум претходно неделава постигна договор со Трамп за паузирање на царините на мексиканската стока во замена за распоредување илјадници полицајци на Националната гарда на северната граница на Мексико со САД за дополнително да се намали протокот на емигранти кои сакаат да влезат во Соединетите Држави.

Шајнбаум на редовната конференција за медиумите додаде дека Мексико вратило депортирани емигранти во Хондурас по воздушен и копнен пат.

Истакна дека враќањето не било присилно.

„Враќањето беше доброволно“, кажа мексиканската претседателка. „Ќе ги испратиме за да можат да се вратат во своите татковини“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ