Победата ја најави Винисиус Жуниор уште во шестата минута од мечот кога погоди за водство од 1-0.
Во 35. минута гол даде и Џуд Белингем за предност од 2-0. Со овој резултат се замина на одморот.
По девет минути игра во вториот дел Белингем даде уште еден гол, Реал Мадрид поведе со 3-0 и тука беа решени сите дилеми околу победникот.
Во 61. минута Родриго погоди и ги постави конечните 4-0.
Малку фалеше да пукне и петарда на Сантијаго Бернабеу, но Хозелу промаши пенал во 90. минута.
Реал Мадрид сега е прв на табелата во Ла Лига со пет бода повеќе од Жирона.