Анчелоти направи многу измени во составот, но и вториот тим на Реал Мадрид е исклучително силен, а тоа го докажа и денеска.
Гарсија во 38. минута го отвори мечот, а во судиското продолжение Арда Ѓулер погоди за водство од 2-0.
Второто полувреме беше во знакот на Брахим Дијаз кој постигна голови во 49. и 59. минута од натпрварот за победа од 4-0.