сабота, 19 октомври 2024

Реал Мадрид ќе го заборава Мбапе со Рафаел Леао и нуди рекордна сума

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид треба да крои нови трансфер планови откако Килијан Мбапе реши да остане во ПСЖ и стави потпис на нов договор до 2025 година.

Според денешното издание на Газета дело Спорт, „кралевите“ се приклучуваат во трката за потписот на Рафаел Леао, кој со одличните партии го привлече интересот на ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Реал Мадрид ќе ја стави одлучноста на Милан на тест со понуда од 120 милиони евра. Една ваква зделка ќе биде рекордна продажба во Серија А, како и рекорден трансфер на „кралевите“.

Се говори дека во договорот на Португалецот има откупна клаузула од 150 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ