Анчелоти направи дури десет измени во составот на Реал Мадрид во однос на мечот против Баерн Минхен од Лигата на шампионите.
Кадиз одолеваше во првото полувреме, но не можеше и во вториот дел. Резултатот го отвори Диаз со прекрасен гол во 51. минута.
Веднаш откако влезе во игра, Џуд Белингем даде гол во 68. минута за предност на Реал Мадрид и од 2-0.
Во третата минута од судиското продолжение по асистенција од Начо Ернандез, Хоселу ги постави конечните 3-0.