22 годишниот Орелиен Чуамени важи за еден од најперспективните играчи во Франција и Европа, со своите добри партии во дресот на Монако го привлече вниманиеот на неколку клубови како Реал Мадрид, Ливерпул, Јувентус и Челси.
Според информациите на Радио Монте Карло, фудбалерот од средниот ред решил кариерата да ја продолжи во престолнината на Шпанија и договорил петгодишна соработка со Реал.
„Кралевите“ за услугите на Орелиен Чуамени ќе платат 80 милиони евра, плус бонуси.