Избраниците на Карло Анчелоти можат да го изгубат врвот на табелата откако попладнево одиграа нерешно во Памплона против Осасуна.
Реал Мадрид поведе по 15 минути игра, Мбапе погоди за 0-1, но пред крајот на првиот дел „кралевите“ останаа со играч помалку, директен црвен картон доби Џуд Белингем. Англичанецот нешто му дофрли на судијата, кој реши да го исклучи фудбалерот од средниот ред.
Осасуна стигна до 1-1 во 58. минута, Будимир реализираше пенал кој беше свирнат под спорни околности.
Претходно не беше досудена најстрога казна за Реал Мадрид, па „кралевите“ сигурно ќе негодуваат на судењето и ќе ја продолжат војната.