„Согласно дипломатската пракса, претседателката Сиљановска-Давкова на 17 февруари, преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, упати писмо-честитка до нејзиниот хомолог, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.
За кабинетот е неприфатливо што ДУИ преку пласирањето на лажни и непроверени информации и извлекување на неосновани констатации, се обидува да го наруши угледот и кредибилитетот на претседателката Сиљановска-Давкова.
Потврда дека не станува збор за дипломатски превид, а уште помалку за поткопување на добрососедството е и прифаќањето на поканата од страна на претседателката Сиљановска-Давкова за присуство на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, што вечерва го приредува косовската Амбасада“, се вели во одговорот од кабинетот на Сиљановска заедно со оригиналот од честитката.