среда, 16 јули 2025

Во САД заврши пандемиската мерка што ги блокираше мигрантите, конфузија околу новите прописи

Објавено на

часот

Сподели

Владата на демократскиот претседател Џозеф Бајден воведе нови мерки за мигрантите кои стапија на сила веднаш по истекот на оваа пандемиска мерка позната како „член 42“.

„Сакам да бидам многу јасен, нашата граница не е ширум отворена. Луѓето кои илегално ја минуваат нашата граница и без законска основа да останат веднаш ќе бидат депортирани“, изјави министерот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.

Но, тој додаде дека тие се свесни за предизвиците со кои веројатно ќе се соочат во наредните денови и недели и дека се подготвени да одговорат на нив. Тој рече дека веќе е забележан зголемен број пристигнувања на мигранти во некои сектори.

За подготовка, американската федерална влада ангажираше повеќе од 24.000 агенти и членови на граничните безбедносни сили, покрај 4.000 војници.

Во Матаморос, мексикански град на границата со Браунсвил, Тексас, мигрантите продолжуваат да ја преминуваат реката Рио Гранде кон САД пешки или со импровизирани чамци.

Од друга страна, преку разглас на шпански им се емитува пораката: „Останете во Мексико, нелегално е да преминете во САД. Ако преминете, ќе бидете протерани“.

Некои мигранти побрзаа да ја преминат границата пред истекот на „членот 42“ и да побараат азил, стравувајќи дека промената на прописите што стапува во сила по истекот на мерката ќе ги спречи да го сторат тоа пет години.

Членот 42, наменет за ограничување на ширењето на ковид-19, им дозволуваше на американските власти веднаш да ги вратат сите мигранти кои влегле во земјата, вклучително и барателите на азил. За три години членот 42 бил искористен 2,8 милиони пати.

Новите рестрикции за право на азил, донесени од министерствата за правда и внатрешна безбедност, веднаш стапија на сила вечерва.

Пред да пристигнат на границата, барателите на азил, со исклучок на малолетниците без придружба, мора прво да имаат закажан разговор преку телефонска апликација воспоставена од граничарите или дека азил им бил одбиен во некоја од земјите на нивната миграциска рута.

Во спротивно, нивното барање ќе се смета за незаконско и може да бидат предмет на забрзана постапка за депортација и петгодишна забрана за влез на територијата на САД.

Мигрантите кои се собираат на северот на Мексико не знаат што да прават во оваа ситуација кога се соочени со промени во регулативите за мигрантите, гласините што ги шират криумчарите и сложената онлајн процедура.

Апликацијата „ЦБП Уан“, дизајнирана да ги централизира барањата за азил во САД, фрустрира многу мигранти на границата. Често се блокира и е вистински кошмар за користење, велат мигрантите.

Американската демократска администрација се обидува да има избалансирана политика за горливото прашање на имиграцијата, додека републиканците го обвинуваат Бајден дека ја претворил границата во транзитен коридор.

Поранешниот републикански претседател Доналд Трамп смета дека Бајден официјално го уништил она што останало од границите на Америка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ