недела, 14 декември 2025

Тихановскаја за здравјето на Лукашенко: Граѓаните да бидат подготвени за секое сценарио

Објавено на

часот

Сподели

Лукашенко (68), кој со цврста рака владее три децении, изгледаше слабо и уморно за време на парадата во Москва на 9 мај, по што отсуствуваше на свечениот ручек што го приреди рускиот претседател Владимир Путин за странски гости.

Лукашенко оттогаш не е виден во јавноста, па дури и ја пропушти церемонијата во Белорусија во неделата, каде што требаше да одржи говор пред белоруските воени ветерани од Втората светска војна.

„Се шират многу гласини за здравствената состојба на диктаторот Лукашенко. Мора да бидеме добро подготвени за секое сценарио. Да ја ставиме Белорусија на патот на демократијата и да ја спречиме Русија да интервенира“, напиша на Твитер Тихановскаја, главниот противник на Лукашенко во егзил.

 

 

Таа додаде дека на Белорусија ѝ треба „меѓународната заедница да биде активна и брза“.

На власт од 1994 година, Лукашенко беше реизбран во 2020 година на претседателските избори кои беа оценети како наместени и по кои избувнаа масовни демонстрации со апсења, принуден егзил и затворање на активисти и новинари, што го замолкна протестното движење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ