недела, 14 декември 2025

Полска ги доби првите ракетни системи ХИМАРС. Ќе ги постават во близина на руската граница

Објавено на

часот

Сподели

„Ова оружје ќе биде поставено на североисточниот дел на нашата земја (…), со задача да одврати агресија“, изјави Мариуш Блашчак за новинарите.

Министерството во март објави дека со овие системи со долг дострел ќе биде опремена воената единица стационирана во Олштин, на околу 80 километри од границата со руската енклава Калининград. Како што рече Блашчак, ХИМАРС „ќе ја зајакне полската војска на источното крило на земјата и Северноатлантскиот сојуз“.

Полска, која граничи со Украина и која силно ја поддржува, склучи договор за набавка на 20 системи ХИМАРС во 2019 година и сега ја доби првата испорака. Варшава соопшти дека преговара со САД за значително поголем број парчиња од овие оружја.

„Конгресот на САД одобри продажба на речиси 500 ракетни фрлачи на Полска. Тие ќе ѝ бидат доставени на Полска што е можно поскоро“, рече Блашчак во понеделникот. „Сакаме ХИМАРС да се произведува во Полска, што ќе се обидеме да го обезбедиме во рамките на новиот договор за кој моментално преговараме. Си поставивме задача да го направиме тоа“, додаде тој.

Полска најави големо зголемување на буџетот за одбрана, до 4 отсто од БДП, а премиерот порача дека земјата мора да се вооружи „што е можно поскоро“ поради руската инвазија на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ