вторник, 29 јули 2025

Лавица шета низ Берлин: Граѓаните предупредени на потенцијалната опасност, потрагата е во тек

Објавено на

часот

Сподели

Жителите се предупредени да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат домашните миленици во затворени простории, објави Ројтерс.

Јавниот сервис РББ јави дека во тек е полициска потрага по лавицата во која учествуваат хеликоптер и противпожарни бригади.

Животното, за кое постои сомневање дека е побегната лавица, наводно било забележано денеска во регионот Потсдам во предградие на главниот град на Германија, соопшти полицијата, пренесе Дојче веле (ДВ).

Полицијата соопшти дека во акцијата за пронаоѓање на животното учествуваат и ветеринари и ловџии.

Полицијата соопшти дека информациите за присуството на животното добила од сведоци кои го снимиле како напаѓа и убива дива свиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ