„Можам да ви кажам една работа: Да, ова е навистина емотивна ситуација. Во таа област се водат многу тешки офанзивни операции“, рече Песков вчера во интервју за босанско-херцеговскиот ТВ канал АТВ, а пренесува руската агенција ТАСС.
„Се работи за доста силно утврдена област со огромна концентрација на силите на украинската војска, која постојано добива засилување. Тоа вклучува и странска опрема, странска муниција. Се разбира, емоциите се особено силни таму“, рече Песков.
Иако не ги именуваше ниту Пригожин, ниту Шојгу, Песков се осврна на конфликтот меѓу двајцата, велејќи дека тие имаат „заедничка цел“.
„Нема да именувам никого, но ќе ви го кажам ова: Без разлика што ќе се каже, без разлика на изјавите што се даваат, ние сѐ уште зборуваме, ајде вака да се изразиме, за вооружените сили на Руската Федерација. Тие се сите руски сили, обединети сили. Тие имаат иста цел“.
Портпаролот на Кремљ додаде дека е сигурен оти Русија ќе го освои Бахмут. „Не се сомневаме дека ќе го освоиме Артемовск (руското име за Бахмут) и ќе продолжиме да го контролираме“.