сабота, 12 јули 2025

Киличдароглу по поразот: Тажен сум поради тешкотиите што ја очекуваат Турција

Објавено на

часот

Сподели

„Длабоко сум тажен поради тешкотиите што ја чекаат Турција“, рече Киличдароглу во седиштето на својата опозициска партија во Анкара по победата на Ердоган.

Според 99 отсто од преброените гласови, Ердоган освои 52,1 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 47,9 отсто, јавува агенцијата Анадолија.

Ердоган прогласи победа: „Нашиот народ ни ја довери одговорноста да управуваме со земјата во следните пет години“, рече Ердоган на покривот на автобусот пред својата резиденција во Истанбул, каде што се собраа голем број граѓани.

Ердоган, кој беше на власт 20 години, рече дека ќе ги исполни своите ветувања кон народот и додаде дека секој избор претставува преродба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ