недела, 14 декември 2025

Инцидент на аеродром во Варшава, дрон летал на 30 метри од авион

Објавено на

часот

Сподели

Дронот е забележан како лета на 30 метри од авионот „ембраер“ кој се приближувал кон пистата на лет од Познан, објави веб-страницата „ТВН24“.

„Овој инцидент се случи во саботата попладне. Според процедурата, пилотите изготвиле записник. Во моментов случајот го истражува истражниот комитет на ЛОТ. Секој ваков инцидент е опасен. За среќа, овој пат ништо не се случи“, изјави портпаролот на полската агенција ПАП, пренесе Ројтерс.

Според пилотот, неидентификуваниот дрон бил долг три метри, истакна портпаролот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ