вторник, 15 јули 2025

Ердоган им се обрати на приврзаниците: „Некој е во кујната, ние сме на балконот“

Објавено на

часот

Сподели

Говорот го започна со зборовите „некој е во кујната, а ние сме на балконот“, мислејќи на својот главен противкандидат Кемал Киличдароглу, кој за време на изборната кампања објавуваше видеа од својата скромна кујна.

„Иако сѐ уште не се пристигнати конечните резултати, значително водиме. Сѐ уште не ги знаеме конечните официјални резултати, чекаме да се објави волјата на нашата нација. Додека ги чекаме резултатите, решив однапред да го одржам традиционалниот говор од балконот“, рече Ердоган. Би-би-си наведува дека се работи за јасна сугестија дека, иако Ердоган не успеа да победи во првиот круг од изборите, верува дека ќе победи во вториот.

„Нашата нација одлучи. Не ни требаат нови изговори. Ќе ја видиме волјата на нашата нација кога ќе ги видиме конечните резултати“, додаде тој. Ердоган од истиот балкон држеше говор и на претходните избори, на кои победи поубедливо. Би-би-си наведува дека се чини дека Ердоган ја започна кампањата за вториот круг од балконот, користејќи го фактот дека добил повеќе гласови од својот ривал во првиот круг.

Тој ги повика претставниците на својата партија, АКП, да продолжат да го следат пребројувањето на преостанатите гласови. „Не знаеме дали изборите се решени во првиот круг. Ако нашата нација реши да одиме во втор круг, ќе го почитуваме тоа. Но, веруваме дека овој круг ќе го завршиме со повеќе од 50% од гласовите, има уште гласови за пребројување“, рече Ердоган во моментот кога беа пребројани нешто повеќе од 90 отсто од гласачките ливчиња.

Тој им се заблагодари на своите гласачи за мнозинството што го дадоа на т.н Народна коалиција во турскиот парламент. Се работи за коалиција која ги вклучува неговата АКП, ултранационалистичката МХП и неколку националистички и исламистички партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ