сабота, 12 јули 2025

Австралија наголемо се подготвува за војна со Кина

Објавено на

часот

Сподели

Одбранбениот стратегиски преглед го поддржува таканареченото партнерство АУКУС меѓу Австралија, САД и Велика Британија, кои во март постигнаа договор за создавање австралиска флота од осум подморници напојувани со американска нуклеарна технологија, пренесува АП.

„Ги поддржуваме стратегиските насоки и клучните наоди наведени во прегледот, кој ќе ја зајакне нашата национална безбедност и ќе ја осигури нашата подготвеност за идните предизвици“, рече австралискиот премиер Ентони Албаниз.

Јавната верзија на доверливиот преглед ѝ препорачува на австралиската влада да троши повеќе за одбраната од сегашната распределба од 2 отсто од бруто домашниот производ, да ја подобри способноста на австралиските одбранбени сили прецизно да гаѓаат цели на подолги далечини и самостојно да произведува муниција во Австралија.

Другите препораки вклучуваат подобрување на способноста на силите да оперираат од австралиските бази на северот и продлабочување на одбранбените партнерства со клучните партнери во Индопацифичкиот регион, вклучувајќи ги Индија и Јапонија.

Военото засилување на Кина „во моментов е најинтензивното и најамбициозно во светот“ од крајот на Втората светска војна, се вели во анализата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ