Наскоро пристигнаа нови информации од Украина. Украинската агенција за вселенски истражувања објави дека станува збор за звучен ефект на висока енергија и дека вселенско тело навлегло во густите слоеви на атмосферата, пренесува Н1.
Астрономот Анте Радониќ за Н1 објаснил за што всушност се работи и какви последици може да има.
„Тоа е многу вообичаена работа. Имено, еден метеорит полета во атмосферата и тоа е појава што спаѓа во метеорите, значи се работи за метеор. Тоа е малку поголемо тело, кое блеснува посилно и понекогаш се слуша звук. Тоа е тело со дијаметар од околу половина метар, мало тело за кое сум убеден дека доаѓа од вселената“, вели астрономот.
Тој додава дека телото блеснало и дека се слушнал звук, што укажува дека можеби некој фрагмент паднал на земја. Радониќ наведува дека тоа всушност не е ретка појава.
„Обично ваквото тело, освен што блеснува, во еден момент светнува посилно и се распаѓа на помали парчиња и потоа тешко се наоѓаат тие парчиња, но тоа е нормално. Прво остава една трага, но кога ќе блесне, тоа ноќе може да биде посилно и од Месечината“, објаснува Радониќ.
Астрономот додава дека никој не бил повреден поради тоа.
„Се виде и од Загреб кога леташе едно тело, тоа беше кон крајот на февруари, непосредно пред земјотресот во Загреб. Го слушнав тој звук, а парченца беа најдени во Словенија. Ова беше добро слушнато и видено во Загреб, а има и снимки од тоа. Вакви работи се случуваат, еве се случило и кај нас“, рече тој.