четврток, 12 февруари 2026

Вечерва започнува филмскиот фестивал Берлинале: Уметноста е простор на слобода

Во Берлин денеска започнува 76-от Меѓународен филмски фестивал, попознат како Берлинале.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Берлинале 2026 ги обединува филмските приказни што одразуваат болка и среќа, надеж и отпор од сите делови на светот“, изјави државниот секретар за култура Волфрам Вајмер пред отворањето.

Тој порача дека филмот е „оружје во борбата за слобода и човечко достоинство“.

„Слободата на уметноста не е разбирлива сама по себе. Диктаторите го мразат слободниот дух и затоа е важно да им се даде сцена на прогонуваните автори“, рече Вајмер.

Церемонијата на отворањето на Берлиналето во четврток вечер ќе биде проследена со проекција на авганистанскиот филм „Нема добри луѓе“, на режисерката Шарбано Садат.

Во исто време, на малезиската актерка Мишел Јео ќе ѝ биде доделена Златната мечка за животно дело, а свечениот говор ќе го одржи американскиот режисер Шон Бејкер.

Фестивалот оваа година ќе трае до 22 февруари и ќе бидат прикажани вкупно 220 филмови. Во главната конкуренција за Златната мечка се натпреваруваат 22 филма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ