Веб директно фотографирал млада гасна џиновска планета со големина на Сатурн што орбитира околу ѕвезда помала од Сонцето, оддалечена околу 110 светлосни години од Земјата во соѕвездието Антлија, велат истражувачите.
Планетата орбитира околу својата ѕвезда на растојание од околу 52 пати повеќе од орбиталното растојание на Земјата од Сонцето, а за споредба, Нептун орбитира околу 30 пати подалеку од Сонцето отколку Земјата, пренесува Ројтерс.
A never-before-seen planet! 🪐
This is Webb’s first discovery of a planet using direct imaging. With a mass similar to Saturn, it’s also the lightest exoplanet yet seen using this technique! https://t.co/ptWcXlFfmW pic.twitter.com/XTGwIqgH8n
— NASA Webb Telescope (@NASAWebb) June 25, 2025
Новооткриената планета и нејзината ѕвезда се исклучително млади – околу шест милиони години, во споредба со староста на Сонцето и нашиот сончев систем од приближно 4,5 милијарди години.
Повеќето од приближно 5.900 егзопланети откриени од 1990-тите се откриени со индиректни методи, како што е набљудување на мало затемнување на светлината на ѕвездата кога планета поминува пред неа, наречен метод на транзит.
Помалку од два отсто од планетите надвор од Сончевиот систем се директно снимени, како што направи Веб со новоидентификуваната планета.
Иако оваа планета е голема кога се гледа во контекст на нашиот Сончев систем, таа е всушност најмалата планета откриена преку директно снимање и 10 пати помала од планетата за која претходно се сметаше дека е најмала.