Експлозијата од класата М4.6 достигна четврто ниво на скала од пет степени, соопштија од Лабораторијата за соларна астрономија ИКИ и Институтот за соларно-копнена физика РАН, пренесува Интерфакс.
„Во моментов, центрите на активност сѐ уште се далеку од директен правец кон Земјата, но во следните 24 часа тие би можеле да се поместат на таков начин што веројатноста за удар врз нашата планета значително би се зголемила“, соопшти Лабораторијата, пренесува Тасс.
Научниците проценија дека настанот не претставува непосредна закана за Земјата, но предупредија дека активните соларни центри би можеле да влезат во зоната на влијание во наредните денови и да предизвикаат посилни ефекти. Се верува дека првите периферни ефекти ќе се почувствуваат вечерва, но главниот удар се очекува утре.






