Нигерискиот истражувач Темидаџо Ониосун го избрал егуси, широко застапен во кујните на многу западноафрикански земји, бидејќи неговите семиња, рече тој, се нешто со кое Африканците можат да се идентификуваат, пренесува Ројтерс.
Семето на оваа диња, заедно со семки од Костарика, Гватемала, Ерменија и Пакистан, беа спакувани во специјални епрувети и испратени до МВС во вселенската капсула Кру-11 на 1 август.
Нигериската вселенска агенција НАСРДА испрати семки од диња егуси и уште пет други растенија во специјална мисија на американската вселенска агенција НАСА за потребите на земјоделските истражувања. Семињата поминале седум дена во орбитата на МСС пред да бидат вратени на Земјата со капсула на 9 август.
Овие семиња сега се дистрибуираат до истражувачите за да го проучат ефектот на престојот во вселената врз нивните хранливи својства, според Ројтерс.
„Со набљудување на промените кај семињата и растенијата, ќе можеме да утврдиме дали тие останале исти и дали ќе продолжат да им обезбедуваат на астронаутите исто ниво на исхрана“, изјави еден од истражувачите од Универзитетот во Флорида, Вагнер Вендрам.






