Студијата, објавена во списанието Нејчр Комјуникејшнс, покажува дека дури и два дена интензивна исхрана базирана на овес може да го намали нивото на ЛДЛ, или „лош“ холестерол, за речиси 10 проценти.
Во експериментот учествувале луѓе со метаболен синдром, група фактори на ризик што вклучуваат висок крвен притисок и шеќер во крвта, како и зголемена телесна тежина. Во текот на 48 часа, учесниците јаделе приближно 300 грама овесна каша дневно, едноставно подготвена со вода и со минимални додатоци на овошје или зеленчук, додека ја исклучиле другата храна.
Иако намалувањето на калории влијаеше на здравјето на двете групи, само оние на „овесна диета“ забележаа значително намалување на ЛДЛ и вкупниот холестерол.
Иако резултатот конкретно се однесува на краткотрајна, интензивна употреба на овес, ефектите останаа видливи дури и шест недели по завршувањето на диетата. Истражувачите веруваат дека клучот лежи во начинот на кој овесот комуницира со цревниот микробиом: бактериите ги разградуваат растителните соединенија од овесот во фенолни метаболити кои можат да имаат корисен ефект врз метаболизмот на мастите.
Главната причина зошто овесот помага во намалувањето на холестеролот е неговата висока содржина на бета-глукан, растворливо влакно кое го забавува варењето на храната, го врзува холестеролот додека минува низ дигестивниот тракт и помага да се елиминира од телото. Ова влакно и претходно било поврзано со корисен ефект врз ЛДЛ во бројни клинички истражувања.
Нутриционистите предупредуваат дека иако ова брзо подобрување звучи ветувачки, клучот за долгорочно управување со холестеролот клучни се урамнотежена исхрана, редовна физичка активност и целокупниот здрав начин на живот. Затоа, овесот се препорачува како редовен дел од здравата исхрана, но не како единствено, брзо решение за висок холестерол.






