четврток, 24 април 2025

Научниците пронајдоа начин да го удвојат рокот на траење на јагодите

Ова вкусно овошје има тенденција да мувлоса или да се распадне во рок од неколку дена по купувањето. Сега, постои начин да го одржувате посвежо подолго време.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Научниците создадоа „био-филм“ што се јаде и може да го удвои рокот на траење на јагодата, а со тоа помага да се минимизира отпадот од храна. Во една неодамна објавена студија, истражувачите од Универзитетот во Сао Паоло во Бразил го споредиле животниот век на овошјето со и без био-филм.

Тие откриле дека јагодите обложени со материјалот развиваат габи за околу шест до осум дена, во споредба со четирите дена за овошјето без облога. Уште поважно, тврдат, е што облогата не го променила мирисот, вкусот или чувството.

„Со нанесувањето на облогата, беше можно да се удвои рокот на траење на јагодите кои се чуваат во фрижидер и да се одложи дехидрацијата на овошјето, притоа да се зачуваат вкусот, текстурата и испарливите соединенија кои на овошјето му ја даваат карактеристичната арома“, изјави првата авторка Мирела Романели Висенте Бертоло за био-филмот, кој е направен од комбинација на рециклирана кора од калинка, хитозан (полимер што се наоѓа во лушпите од ракови) и желатин, пренесува Физ.орг.

Овој уникатен рецепт создава бариера околу овошјето, што го штити од микроорганизми, губење на влага и размена на гасови за да ги одржува јагодите вкусни што е можно подолго.

Што се однесува до цената, се проценува дека облогата ќе додаде дополнителни 2 центи по овошје. „Ова е трошок што потрошувачите можеби се подготвени да го платат за овошје со подолг рок на траење и поголема употреба“, рече Бертоло.

Истражувачите поднеле барање за патент за формулацијата и имаат намера да ја лиценцираат технологијата за заинтересирани компании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ