понеделник, 8 декември 2025

НАСА сака нуклеарен реактор на Месечината до 2030 година

Американскиот министер за транспорт и вршител на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи, најави забрзување на плановите за изградба на нуклеарен реактор на Месечината, пренесува американскиот портал Политико. Според информациите до кои дојде Политико, плановите за нуклеарен реактор на Месечината не се нови, но со Дафи на чело, вселенската агенција поставува поконкретна временска рамка за имплементација.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Тоа значи дека САД ќе имаат подефинитивен план за постигнување на целта за враќање на астронаутите на Месечината, што е клучна компонента на трката во вселената, која моментално ја водат САД и Кина, истакнува порталот.

„Станува збор за победа во втората вселенска трка“, изјави висок функционер на НАСА, кој побара анонимност за да разговара за плановите пред нивното официјално објавување.

Покрај нуклеарниот реактор, Дафи предложи и забрзување на процесот на замена на Меѓународната вселенска станица. Плановите се вклопуваат во пошироките приоритети на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предложи зголемување на буџетот за вселенски летови со екипаж до 2026 година, додека финансирањето на научните мисии е намалено за речиси 50 отсто.

Како дел од своите нови планови, Дафи ѝ наложи на НАСА да побара предлози од индустријата за изградба на нуклеарен реактор од 100 киловати, кој треба да биде лансиран до 2030 година. НАСА претходно финансираше истражувања за помали реактори од 40 киловати, со планови за лансирање до почетокот на 2030-тите.

НАСА, исто така, ја покани индустријата да достави предлози во рок од 60 дена, барајќи компании кои ќе можат да го лансираат реакторот до 2030 година.

Забрзаниот процес на доделување договори, кој би можел да го добијат дури две компании во следните шест месеци, треба да овозможи новата станица да биде поставена во вселената во предвидениот рок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ