недела, 20 јули 2025

НАСА: Нова комета забележана во Сончевиот систем

Астрономите следат нова комета што доаѓа од непознатите предели на галаксијата, што е само трет пат кога е забележан таков нов меѓуѕвезден објект во посета на нашиот Сончев систем, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Според НАСА, кометата, наречена 3И/АТЛАС, за првпат била забележана во вторникот од страна на телескопот за последно предупредување за удар на Земјата, АТЛАС, кој се наоѓа во Рио Уртадо, Чиле, пренесува Ројтерс.

Астрономите процениле дека нејзината необична патека укажува дека таа дошла надвор од нашиот Сончев систем и дека кометата не претставува закана за планетата Земја.

Патувајќи со брзина од околу 60 километри во секунда од центарот на галаксијата Млечен Пат, 3И/АТЛАС моментално е оддалечен околу 670 милиони километри од Земјата.

„Освен тоа, не знаеме многу, се прават многу напори за набљудување на овој објект со поголеми телескопи за да се утврди неговиот состав“, изјави астрономот Лари Дено од Универзитетот на Хаваи, еден од главните истражувачи на АТЛАС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ