недела, 14 декември 2025

На Марс пронајдени знаци на живот: НАСА објави најново откритие (ФОТО)

НАСА објави откритие на микробиолошки живот на површината на Марс.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Новиот администратор на вселенската агенција, Шон Дафи, изјави дека примерокот собран од роверот Персеверанс е прогласен за „најсилен доказ за живот“ на Марс, пренесува Дејли мејл.

На прес-конференција, помошникот администратор на НАСА, Ник Фокс, рече: „Ова е видот на потпис што би го очекувале доколку потекнува од нешто од биолошко потекло.“

Истражувачите се фокусирале конкретно на необичните структури со точки и форми слични на семиња во древните карпи на Марс, што би можело да укаже на постоењето на мали форми на живот во далечното минато.

Овие формации, наречени „семки од афион“ и „отпечатоци од гепард“, беа забележани во карпи слични на кал во областа Неретва Валис, дел од кратерот Језеро, каде што постоела река пред милијарди години.

Роверот Персерванс ја истражува оваа област уште од слетувањето на Марс во 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ