четврток, 12 февруари 2026

Колку јајца смееме да изедеме неделно?

Според актуелните упатства од нутриционистите и големите епидемиолошки студии, здрави возрасни лица можат безбедно да јадат до 7 јајца неделно или едно јајце дневно. За повеќето луѓе, овој начин на консумирање не го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Ова е во согласност со ставовите на организации како што е Американската асоцијација за срце, која наведува дека едно јајце дневно е прифатливо како дел од балансирана исхрана, особено ако се ограничи внесувањето на заситени масти од други извори.

Едно јајце содржи околу 185-200 мг холестерол, но неодамнешните истражувања покажуваат дека холестеролот во исхраната има помало влијание врз холестеролот во крвта отколку што се мислеше претходно. Многу поголемо влијание имаат:

  • заситени и транс-масти
  • ултра-преработена храна
  • вкупен вишок на калории

Кај повеќето луѓе, црниот дроб едноставно го прилагодува сопственото производство на холестерол според исхраната.

Кој треба да биде повнимателен?

Постојат групи на кои сè уште им се препорачува умереност:

  • лица со дијабетес тип 2
  • лица со докажана хиперхолестеролемија
  • лица кои веќе имаат кардиоваскуларни заболувања

За нив најчесто се препорачуваат 3-4 јајца неделно, со индивидуален совет од лекар или нутриционист.

Начинот на подготовка е исто така важен, варените или пошираните јајца имаат значително поповолен хранлив профил од оние пржени во многу маснотии.

За повеќето здрави луѓе, 7 јајца неделно е безбеден и хранливо корисен избор. Проблемот обично не е јајцето, туку она што оди со него: бел леб, сувомеснати производи и премногу маснотии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ