четврток, 12 февруари 2026

Дали е полесно да се поткупат постари или помлади деца? Невообичаено истражување од научници

Првото меѓународно истражување за однесувањето на децата во врска со поткупувањето покажа дека постарите деца почесто одбиваат подароци што би им донеле неправедна корист.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Боливара Рејес-Жакеза анкетирал скоро 700 деца од Норвешка, Италија, Јапонија и САД на возраст од три до единаесет години, пренесува Шпигел.

Во експеримент во кој децата биле во улога на жири на конкурс за цртање, постарите деца избирале објективно подобри дела во 85 проценти од случаите, дури и кога полошото дело било придружено со подарок. Помладите деца почесто прифаќале подароци и ги претпочитале делата што биле проследени со подароците.

Истражувачите објаснуваат дека развојот на моралното расудување зависи од когнитивното созревање, вклучувајќи ја и способноста за самоконтрола и согледување на перспективата на другите. Иако културните фактори, како што се нормите за подарување и љубезност, влијаат врз однесувањето, индивидуалната зрелост и воспитувањето играат клучна улога, велат истражувачите.

Во друг експеримент, децата делеле пет бонбони помеѓу двајца врсници, при што петтата бонбона била предмет на нивната одлука. Резултатите покажале дека повеќе од 80 проценти од децата постари од девет години одбиле неправедна распределба.

Авторите на истражувањето заклучуваат дека моралното однесување не е вродено, туку се учи и развива преку искуство и воспитување, а разбирањето на мотивацијата поврзана со подароците може да им помогне на децата подоцна да носат праведни одлуки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ