понеделник, 22 декември 2025

Храм на богот на сонцето Ра откриен во близина на Каиро: Колосална градба стара над 4.000 години

Ископувањето на храм посветен на древниот египетски бог на сонцето Ра, кој бил изграден помеѓу 2700 и 2200 година пред новата ера, откри колосална структура со површина од повеќе од 1.000 квадратни метри, „со единствена архитектура што го класифицира меѓу најголемите и најзначајни храмови во долината во некрополата Мемфис“, соопшти египетското Министерство за антиквитети.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Храмот на богот на сонцето Ра го изградил фараонот Ниусере, од Петтата династија на антички Египет, делумно го ископал тим археолози предводени од египтолозите Масимилијано Нуцоло и Розана Пирели, пренесува Фигаро.

Во храмот се идентификувани архитектонски елементи, вклучувајќи основи на столбови, ѕидни облоги и гранитни прагови, како и коса рампа „што веројатно го поврзува храмот со Нил или една од неговите притоки“.

Храмот е откриен во древниот египетски археолошки комплекс Абусир, кој се наоѓа околу дваесет километри јужно од Каиро, и во него се наоѓаат пирамидите на неколку фараони, помали од трите колосални пирамиди во Гиза.

Храмот беше откриен како дел од монументален комплекс посветен на култот на богот на сонцето Ра и е еден од ретките соларни храмови идентификувани до денес.

Наоѓалиштето било идентификувано во 1901 година од германскиот археолог Лудвиг Борхарт, познат по откривањето на познатата биста на Нефертити, но високото ниво на подземните води спречило какво било ископување во тоа време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ