Денешното скратување е дел од поширокиот тренд на забрзување на ротацијата на планетата, што беше забележан уште во 2020 година.
Според научниците кои ги следат движењата на Земјата со атомски часовници, слични отстапувања се забележани на 9 и 22 јули, а рекордот е поставен на 5 јули 2024 година, кога денот бил пократок за дури 1,66 милисекунди.
Причините за забрзаната ротација сè уште не се целосно јасни, но се сомневаат на промени во атмосферата, јадрото на планетата и влијанието на Месечината.
Доколку трендот продолжи, би можела да се случи првата „негативна престапна секунда“, односно одземање на секунда од официјалното време, што би можело да предизвика проблеми во дигиталните системи низ целиот свет.






