понеделник, 2 февруари 2026

Брзиот раст на активен регион на Сонцето може да предизвика магнетни бури на Земјата (ФОТО)

Брзиот раст на активниот регион на Сонцето би можел да доведе до појава на магнетни бури на Земјата, објави денес Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што е објавено, активниот центар на Сонцето расте екстремно брзо и интензивно ја исполнува сончевата корона (надворешниот дел од атмосферата на ѕвездата) со енергија, која потоа ја ослободува преку моќни ерупции, пренесува РИА Новости.

Научниците истакнуваат дека прогнозата за сончевата активност се сведува на прашањето кога оваа активна група ќе престане да расте.

„Ако ова не се случи до утре, од втората половина на утрешниот ден ерупциите што се случуваат тука би можеле веќе да влијаат на Земјата“, се вели во објавата на Телеграм каналот на лабораторијата.

Според експертите, во моментов нема прецизна прогноза, бидејќи не е можно да се утврди што се случува на длабочина од 100 до 200 илјади километри под површината на сонцето.

Лабораторијата, исто така, соопшти дека на Сонцето е регистрирана втората ерупција со максимален интензитет, класа Икс, од почетокот на годината. За време на својот врв, достигна ниво од Икс1.04.

Истиот ден беа регистрирани и четири ерупции од класата Це и седум силни ерупции од класата Ем. Првата ерупција од класата Икс во 2026 година беше забележана на 18 јануари.

Сончевите ерупции се поделени во пет класи, врз основа на интензитетот на рендгенското зрачење – А, Бе, Це, Ем и Икс. Тие можат да предизвикаат магнетни бури на Земјата, што доведува до нарушувања во работењето на енергетските системи и влијае на миграциските патишта на птиците и животните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ