Компанијата е основана во 1865 година од финскиот рудар Фредрик Идестам како мала фабрика за хартија. Во текот на 19 век, го проширила својот бизнис на различни производи, а кон крајот на 20 век, Нокиа се свртела кон компјутери и мобилни телефони. Легендарниот модел Нокиа 3310 од 2000 година стана култен симбол на една генерација, пренесува Мирор.
Сепак, само мал број корисници знаат како компанијата го добила своето име.
Според официјалната историја, по неговиот прв успех кај брзаците Тамеркоски, Идестам отворил втора мелница за целулоза покрај реката Нокианвирт.
Токму оваа река ѝ го дала името на новата компанија. Првото лого било инспирирано од риба – симбол на поврзаност со реката – но самиот збор „нокиа“ има подлабоко значење. На фински значи „темно, крзнено животно“, всушност куна.
Подоцна, компанијата почнала да го користи името Нокиа откако се преселила во истоимениот град, во регионот Пирканмаа, исто така основан во 1865 година. Денес во тој град живеат околу 30.000 луѓе.






