недела, 19 мај 2024
Константин Димитров

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Разликата меѓу сопственото производство на струја и произведеното во Македонија

Кога ќе се појават текстови со кои делумно се манипулира со реалноста, потребно е граѓаните правилно да бидат информирани за што се работи.

Пласирана е информација, од официјална државна институција, дека електростопанството на Македонија, 2023 година ја завршило со врвни резултати т.е. единствено 2,7% од вкупно потребната количина на електрична енергија се увезени од странство.

Големините со кои се манипулира се добиени врз основа на статистички показатели од Државен завод за статистика. Од таму произлегуваат следниве бројки за 2023. година:

Вкупно бруто-производство:                  6.825.870  MWh.

Разликата на увоз-извоз :                        150.474 MWh.

Од овие бројки извлечен е математички заклучокот дека увезената количина на електрична енергија е 2,7 %.

За нас потрошувачите, многу е битно електричната енергија да биде ПРОИЗВЕДЕНА од НАШИТЕ постројки, преку АД ЕСМ, кои се изградени со наши пари, за да обезбедат за нас доволна количина, квалитетна електрична енергија при најниска цена. Тука се појавува разликата меѓу НАШЕТО производство и електрична енергија ПРОИЗВЕДЕНА од приватни (независни) производители на територијата на Република Македонија. Разликата е во цената. Нашето производство во принцип не е оптоварено со ставката профит, која е сериозно присутна кај приватниот производител. Јасно е и разбирливо дека тие не инвестираат во Македонија за да обезбедат евтина енергија за потрошувачите, туку за сопствен профит.

Кога ќе се анализира бруто производството на електрична енергија во Македонија видливо е дека дел од тоа производство е на територијата на Македонија, но се продава според берзански, а не според производни цени. Со други зборови, за Македонија и потрошувачите во неа, скоро идентично е дали електричната енергија (народски струјата) е купена на берза надвор од Македонија, или од независните приватни производители во Македонија. Сепак за волја на вистината постои мала разлика во цената, не се плаќа преносот кој влијае со 6-8% на висината на цената на енергијата.

Ако ова го знаеме, веднаш е видливо дека во билансот на енергија произведена во Македонија, има значително производство на „приватна“, а не „наша енергија“, платена според пазарните услови. Тоа се следниве производители:

Комбинирани централи (најголем дел TE-TO Скопје): 1.345.659 MWh;

Соларни електрични централи:                                          307.467 MWh;

Увозена енергија:                                                     150.474 MWh.

Сега и енергетскиот биланс меѓу сопствено произведената и вкупно купената од приватни производители електрична енергија ќе изгледа сосема поинаку, т.е. од бруто производството треба да се извади тоа што е купено. Значи се добива следното:

Бруто произведено – (ТЕ-ТО) – Сончеви централи = Сопствено производство.

Или со бројки:

6.825.870  – 1.345.659 – 307.467 = 5.135.590 MWh.

Крајниот резултат е:

сопствено производство – 5.135.590 MWh.

купена електрична енергија – 1.840.754 MWh.

И односот меѓу сопственото производство во АД ЕСМ кон количината која е купена за потрошувачите, а не е НАШЕ производство е:  1.840.754/5.135.590 = 35,84%.

Увезената/купената електрична енергија учествува со скоро 36% во задоволувањето на потребите на потрошувачите во Македонија во 2023 година, што е редовна состојба во изминатите години.

Не е точна изјавата дека состојбата со производство на наша енергија е значително подобрена. Единствено купуваме од домашни производители, често со цена повисока од цената на берзата, заради штетни договори со производителите или преференцијалните тарифи (фидинг тарифи).

Проф. д-р Константин Димитров

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

За енергетска транзиција – греење со топлински пумпи (2)

Сефер Тахири

Тивок бојкот наспроти тивка поддршка: улогата на Албанците во изборот на...

Наташа Јовановиќ Мартинс

Зурли и тапани за Македонија

Зоран Дабиќ

Политичка мизогинија

Рајко Пеколски

Патриотизмот и егоизмот

Јовица Тасевски-Етернијан

За употребата на термините „Македонија“ и „македонски“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ