петок, 26 јули 2024

РКЕ: Македонија лани увезе струја само 2,75% од потребите

Лани само 2,75% од потребите за електрична енергија е обезбедена од увоз, покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2023 година што Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) го достави до Собранието на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„По 32 години независна република, конечно можеме да соопштиме дека сме на праг до енергетски независна држава кога е во прашање електричната енергија. Податоците покажуваат дека елдорадото на инвестиции во фотонапонски централи, каде има пораст во инсталираниот капацитет за 251% во споредба со 2022 година, го  стопи увозот од 30 отсто на 2,75 %.  Овој успех има сеопфатно влијание, како кон  енергетска транзиција, така и кон финансиските текови преку намалувањето на дефицитот“, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Во 2023 година се регистрира раст на извоз на нафтените деривати при што кај бензините има забележителен раст на извезените количества за 139,53% во однос на 2022 година, кај млазното гориво извозот е зголемен за 38,41% и кај дизел горивата извозот има раст од 2,31%, што е потврда дека во земјава има горива со најниска цена.

Останува високо нивото на неприходуваната вода од 62,29%, процент поради кој РКЕ  инсистира да ѝ се даде во целост надлежноста за регулирање на крајната цена на вода. Во годишниот извештај детално, по сектори може да се погледне крвната слика на енергетскиот сектор во сите сегменти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ