„Синоќа во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(30) од скопската населба Илинден.
Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населбата Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет. Пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите кои биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.